Евроинтеграции

Потребна е доследност дека преговорите ќе резултираат со членство, порачаа Сиљановска-Давкова и Милатовиќ

01.04.2026 14:02

Македонија и Црна Гора се стремат кон членство во ЕУ, но мора да има политичка подготвеност и во Унијата за прием на нови членки. Процесот не е ист за сите, но мора да има доследност дека преговорите ќе резултираат со членство, порачаа македонскиот и црногорскиот претседател на предавањето на правниот факултет…

И Македонија и Црна Гора се стремат кон членство во ЕУ, но за тоа, мора да има подготвеност од Унијата. Најдоброто сценарио и сите да имаат придобивки од процесот. Во случајот на Македонија, имаш напредок во реформите, но не и политичка подготвеност за проширување, рече црногорскиот претседател Милатовиќ на предавањето на Правниот факултет.

Македонија одамна требаше да почне преговори ако се почитуваат само критериумите за членство. Рекордери сме во измени на Уставот дури 36 пати, но сè уште има барање за негова смена без гаранции дека членството во еу е загарантирано, рече претседателката Сиљановска-Давкова.

И двајцата претседатели се согласија дека членството во ЕУ не е само потреба, туку и неопходност за стабилност на регионот.

Ирина Гелевска