Купуваме, само ако нема друго решение
Тренерот на Барселона, Луис Енрике, со нескриена возбуда му пристапува на дебитантскиот натпревар за него во Лигата на шампионите како предводник на каталонската екипа. „Остануваат работи што треба да ги подобриме, но се уште е почеток на сезоната. Лигата на шампионите е атрактивно натпреварување, а нашата цел се разбира е да победиме на првиот меч. Ќе освојуваме трофеи“, вети популарниот „Лучо“ во пресрет на утрешниот дуел со Апоел.

Средбата со новинарите Енрике ја искористи за да ја претстави сопствената филозофија според којашто треба да се развива клубот во врска со политиката на формирање на играчкиот кадар. „За мене најдобра формула е да се купуваат фудбалери со профил каков што нема во нашата школа“, смета Енрике. Кој знае, можеби е задоволен со квалитетото на сегашниот тим, а можеби сака да ги мотивира членовите на академијата на Барселона.