Економија

Засега цените на лебот одолеваат на предизвиците

01.04.2026 17:28

Преку 90 проценти од производителите на леб во земјава не ја зголемиле цената. има мал дел пекарници кои не одолеаја на притисокот на зголемени трошоци и суровини. Владата ќе ја анализира состојбата и, доколку немало реална основа за повисоки цени, најавува и казни …

Некои мали пекарници ја зголемија, но главно, во земјава, цената на лебот остана иста како вчера. Во Прилеп денот протекува без нови цени на основниот прехранбен производ.

Во маркетите ситуацијата остана непроменета.

Иако преку 90 проценти од производителите не реагираа, сепак, дел пекарници од источниот регион и од Битола ги зголемиле цените, притиснати од зголемените трошоци, суровини и повисоки берзанските цени на брашното за околу 7 проценти. Цената на лебот зависи од проценката на секој производител, велат од групацијата на Мелничко-пекарската индустрија.

Владата ќе ја анализира состојбата. За неоправдано ценовно зголемување, се најавуваат казни.

Основниот прехранбен продукт е на ценовен кантар.

 

Елизабета Митреска