Евроинтеграции

Мицкоски чека гаранции, Филипче критикува

01.04.2026 17:58

Владата нема да прифати никакви компромиси ако нема јасен европски пат. Премиерот Мицкоски дециден – нема да се поместиме ниту милиметар без гаранции за македонскиот идентитет и за правата на Македонците во Бугарија. Според Филипче, ваквиот став претставува предавство на националните интереси. Тој праќа предупредувачко писмо до нашите партнери.

Без гаранции за македонскиот идентитет и за правата на Македонците во Бугарија, нема напредок. Нема да влеземе во авантура без јасен крај. Владата останува на цврста позиција и нема да се направи отстапка ниту милиметар. За разлика од нас, СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси исклучиво како распродавање на македонскиот национален идентитет – вели шефот на владата, Мицкоски.

Ако сега не се направи чекорот ризикуваме да го изгубиме моментот на проширување – реплицира лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој го обвини Мицкоски дека ги предал македонските национални интереси. Според него, одбивањето на евроинтегративниот процес е само параван, бидејќи македонскиот идентитет и јазик се заштитени.

И додека Мицкоски цврсто ги бара гаранциите и предвидливиот крај на евроинтегративниот процес, без дополнителни условувања, Филипче вели силно ќе се спротивстави на ставот на владата преку партиски активности и зацврстување на, како што вели фронтот.

 

Миле А. Ристески