Кривичен Суд

Случај „Пулс“: Одложен стартот на судењето на полицајците

01.04.2026 18:14

Одложен стартот на судењето на 13-те полицајци, обвинети за кочанската трагедија. Одбраната побара спојување со големиот предмет, Обвинителството уверува- ќе нема застој во постапувањето...

Одложено судењето на 13-те полициски службеници, обвинети за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, каде 63-ца загинаа, а над 200 беа повредени. Причина за одложувањето беше тоа што адвокат на еден од нив побара спојување со големиот предмет што се суди во Идризово, друг бил бранител во притворски предмет во Кочани, а имало и многу докази. 

Спасенка Андонова, јавната обвинителка што го застапува обвинението вели дека имала доволно време да се запознае со предметот и порача дека нема да дозволи застој на процесот.

Од 13 обвинети полициски службеници, четворица биле началници од ОВР Кочани и СВР Штип. Се товарат дека сториле кривично дело, тешки дела против општата сигурност. Обвинителството тврди дека кога ја спроведувале акциската контрола во „Пулс“, не презеле мерки за заштита на присутните лица, ниту мерки за спречување на активирањето на пиротехниката, која не била пријавена во полицијата. Во два одвоени предмета се обвинети и други полициски службеници.

Игор Панов