Наместо Мажиќ, на центарот Хрватот Бебек
Судискиот комитет на УЕФА веднаш реагираше и како замена за судиите од Србија одреди шетмина арбитри од Хрватска, на чело со Иван Бебек...

Најдобриот српски фудбалски судија Мирослав Мажиќ, кого УЕФА го одреди да ја дели правдата на натпреварот Челзи-Шалке 04 од 1.коло во групната фаза на Лигата на шампионите, утре вечер сепак нема да се појави на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон – поради бизарна причина ! Неговиот и пасошите на уште петмина негови асистенти се загубиле при транспорт во Варшава, каде што српските арбитри требало да добијат визи за влез во Велика Британија !
Судискиот комитет на УЕФА веднаш реагираше и како замена за судиите од Србија одреди шетмина арбитри од Хрватска, на чело со Иван Бебек.
Мажиќ ужива голема доверба кај шефот на судискиот оддел на УЕФА Пјерлуиџи Колина, којшто пролетоска му довери четвртфинале од Лигата на шампионите и полуфинале од Лига Европа. Добро котира и во структурите на ФИФА, бидејќи летоска беше дел од судиската елита на Мундијалот во Бразил, каде што одработе два натпревара од групната фаза.
