МОН

До 5-ти април пријавување за субвенциониран студентски оброк

01.04.2026 19:51

Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата.

Министерството за образование и наука ги информира дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 април 2026 година.

Правото на субвенциониран студентски оброк можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.