МВР

16 возачи приведени за безобѕирно возење – најголем дел без дозвола

01.04.2026 19:10

Во засилени полициски контроли низ државата, приведени се 16 возачи поради безобѕирно управување возило, при што дури 12 од нив возеле без возачка дозвола.

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило.

Од приведените, 12 управувале возило без возачка дозвола, при што четворица се затекнати во Тетово, меѓу нив и еден малолетник, а двајца во Гостивар. По едно лице без дозвола е евидентирано во Скопје, Велес, Штип, Свети Николе, Делчево и Битола.

Дополнително, по еден возач во Кочани и Струга биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, додека по еден во Куманово и Охрид управувале и покрај изречена забрана за возење.

По целосно документирање на случаите, против сите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со активна забрана, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.