Кривичен суд

Вознемирувачко сведоштво за трагедијата во Тафталиџе

01.04.2026 17:07

Поранешниот пријател и колега на обвинетиот Јовановски, Мартин Саздов раскажа за насилството врз покојната Ивана, на која сопругот ѝ се заканувал и со објавување видеа со експлицитна содржина. Саздов рече дека Ивана живеела во постојан страв.

Потресно сведоштво на Мартин Саздов за трагедијата во Тафталиџе. Тој раскажа за насилството, заканите и навреди кои обвинетиот Стојанче Јовановски со години ги вршел кон покојната Ивана, која пред да си го одземе нејзиниот, и животот на шестогодишната ќерка Катја со скок од зградата во Тафталиџе му се јавила на насилниот сопруг преку видеоповик.

„Му се јави, Стојанче ја вклучи камерата. Јас ѕирнав, ја видов Ивана како стои со Катја во рацете на терасата и сфатив што ќе направи. Викав ’Ивана, немој да си направила глупост‘. Притрчав кон влезот и слушнав силен тресок. Истрчав да видам што се случува, ја видов Ивана во крв целата“, сведочи Саздов.

Саздов го потврди случајот кога Јовановски ги оставил Ивана и Катја на автопатот пред Штип во еден часот по полноќ. Потврди дека по настанот, тој и Ивана започнале љубовна врска. Во тој период таа се преселила кај својата мајка и одлучила да се разведе. Врската ја прекинале откако таа се вратила да живее со Јовановски.

„Ми викаше: ’Мартин, не го знаеш каков психопат е, ќе ме убие, не можам да издржам.‘ Јас се обидував да ѝ помогнам, но таа беше многу исплашена“, сведочеше Саздов.

Саздов кажа дека обвинетиот се дрогирал и ја тепал Ивана, ѝ се заканувал и со објавување експлицитни видеоснимки за јавно да ја посрамоти. Ивана се чувствувала како да нема излез.

Во меѓувреме починал таткото на Ивана, по што семејството ја исклучува од семејното насилство, поради случувањата со Стојанче. Тогаш Ивана се чувствува целосно напуштена.

На рочиштето сведочеше и Ивана Белчева, која била сведок кога Јовановски ја натепал Ивана го паркот во Ѓорче Петров. Стојанче Јовановски, пак, обвини дека Садзов и Ивана го местеле за дрога.

„Ѝ велев да одиме на психијатар, на психолог. Таа сакаше да оди, ама беше многу исплашена. Ја терав, отиде во Социјално. Отиде и во психолошко советувалиште. Ѝ дадоа антидепресиви.“

Ноќта пред критичниот ден, Ивана побарала помош од Мартин. Според неговото сведочење тој дошол кај неа на работа, во меѓувреме дошол и Стојанче, па заедно заминале кон судот. Тепањето продолжило, а полицајците им препорачале да си ги решат проблемите. Оттаму заминале да ја земат Катја од училиште и се упатиле кон домот, каде таа подоцна го одзеде нејзиниот и животот на шестгодишната ќерка.

Марина Стојанова-Тонева