Временска прогноза
Облачно со повремени врнежи од дожд
02.04.2026 08:09
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m2), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
