Собрание

Денеска седница на Комисијата за здравство

02.04.2026 08:41

Денес седница ќе одржи Комисијата за здравство, на чиј дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање...

Во Собранието денес седница ќе одржи Комисијата за здравство, на чиј дневен ред е Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање.

Со предложените измени се врши усогласување со Законот за меѓународна и привремена заштита, со кој се уредува дека лицата под привремена заштита имаат право на престој и згрижување во Република Северна Македонија, во согласност со економските можности на државата.

Дополнително, се врши усогласување и со одредбите од Законот за административни службеници, со што ќе се регулираат работните места на вработените во Фондот за здравствено осигурување кои имаат статус на административни службеници.

Предлог-законот за изменување на Законот за здравственото осигурување ќе се најде и на дневен ред на Законодавно-правната комисија.