Гарнет ќе игра уште сезона

16.09.2014 14:40

Тренерот на Бруклин „Нетс“, Лајонел Холинс, изјави дека Кевин Гарнет ќе игра и во наредната сезона. Новиот кормилар на „мрежичките“ вели дека не ни помислувал да бара друго решение за позицијата високо крило и дека е задоволен што Гарнет ќе биде во тимот и во натпреварувачката 2014/15.

Холинс ја почитува играчкатата кариера на 38-годишниот гарнет, кој и лани настапуваше за Бруклин, но немаше ефект каков што посакува. Во дведецениската кариера во НБА лигата Гарнет освои еден шампионски прстен, со Бостон во 2008-ма, а четири години пред тоа беше најкорисен кошаркар во професионалната конкуренција. Кеј Џи 15 пати беше дел од викендот на сите ѕвезди, а четирипати се најде во првата петорка во НБА. Мината сезона постигна 6,5 коша, со 6,6 скока и 1,5 во просек, што за него е скромен ефект.