Куба доби две нови банкноти, во ек на криза
Парите пуштени во оптек треба да ги заменат кесите со банкноти кои беа секојдневие на островот поради инфлацијата...

Кубанците добија две нови банкноти со апоенска вредност од 2.000 и 5.000 пезоси, односно од четири и десет долари. Парите пуштени во оптек треба да ги заменат кесите со банкноти кои беа секојдневие на островот поради инфлацијата.
Највисоката номинална вредност досега беше банкнотата од илјада пезоси или два долара. Ова е прв пат хартиената валута на островот да има ликови на жени. Хавана се соочува со сериозна економска криза, која се влоши во изминатите три месеци поради ембаргото на енергенсите од САД.
Европска Унија објави дополнителна хуманитарна помош од два милиона евра. Пред два дена руски танкер со нафта пристигна на островот.
