Наса
НАСА го лансираше првиот екипаж кон Месечината
02.04.2026 11:03
Тројца американски и еден канадски астронаут од Флорида тргнаа на десетдневна мисија околу Месечината и назад...

НАСА го лансираше првиот екипаж кон Месечината по повеќе од 53 години, во рамки на мисијата „Артемис два“, клучен тест-лет во програмата за истражување на вселената.
Тројца американски и еден канадски астронаут од Флорида тргнаа на десетдневна мисија околу Месечината и назад, користејќи ја капсулата „Орион“ и ракетата „Систем за вселенско лансирање“.
Ова е прва мисија со екипа во рамки на програмата „Артемис“, која од 2012 година чинеше најмалку 93 милијарди долари. НАСА планира повторно слетување на Месечината во 2028 година, првпат по мисијата „Аполо 17“ од 1972 година.
