Кривичен суд

Денеска во Кривичен суд продолжува судењето за Стојанче Јовановски

02.04.2026 09:45

Денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана и нивната 6-годишна ќерка.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела поврзани со семејно насилство и трагичната смрт на неговата сопруга Ивана и нивната 6-годишна ќерка.

Случајот се однесува на настанот од 2 март, кога мајката и детето скокнаа од стан во скопската населба Тафталиџе. На вчерашното рочиште сведочеше Мартин Саздов, кој бил присутен во последните моменти пред трагедијата. Тој опиша сцени на закани, навреди и физичко насилство, тврдејќи дека обвинетиот континуирано ја малтретирал сопругата и ѝ се заканувал дека ќе ѝ го одземе детето и домот.