МВР

Акција на МВР, се вршат претреси на седум локации

02.04.2026 12:27

Во координација со отсеците за компјутерски криминал од СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на државава.

Секторот за компјутерски криминал од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со отсеците за компјутерски криминал од СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на државава.

Се вршат претреси на седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.