Поплави во Источна Србија: Една жртва, тројца исчезнати!

16.09.2014 14:52

Вонредна состојба е прогласена и во Неготин и Мајданпек. Најтешка е состојбата во Кладово, Текија и селото Грабовица, каде водената стихија има достигнато 4 метри и тие целосно се отсечени од светот...

Дождот и понатаму незапира во Источна Србија, каде поради поплавите се загрозени над 1.000 домаќинства. Досега со хеликоптери, чамци и бродови евакуирани се 400 лица. Жителите бараат помош во вода и храна. Во градот Кладово, каде досега се паднати над 116 литри вода на квадратен метар, една постара жена го загуби животот, а три лица се водат како исчезнати.

Вонредна состојба е прогласена и во Неготин и Мајданпек. Најтешка е состојбата во Кладово, Текија и селото Грабовица, каде водената стихија има достигнато 4 метри и тие целосно се отсечени од светот. Од поплавите урнати се два моста, од кои едниот долг 20 метри, со што е прекината комуникацијата долж ѓердапската магистрала. 

„Ние имаме видено се. Го видовме и Обреновац, видовме се она што ни се случи и во Крупањ, но вака, во многу кусо време да се појават толку буици, кои носеа се пред себе, мислам дека досега не е видено и запаметено. Сега видов како на еден пат фрлаат карпи тешки по 5-6 тони и како буицата разорува се пред себе. Тоа е необјасниво“, изјави Велимир Илиќ, министер за вонредна состојба на Сребија.

Поради поплавите и лизгалиштата во опасност се и Хидроелектраните Ѓердап 1 и 2, на кои им е нанесена голема штета. Водата е навлезена во помошните простории. Два агрегати се поплавени, поради што е намално производството на струја за 30%. Вработените прават големи напори да го спречат навлегувањето на водата низ галериите на Хидроелектраната Ѓердап 1, додека во Ѓердап 2 водата полека продира и агрегатите повремено се исклучуваат.

Се градат бедеми со цел да се заштити Хидроелектраната, кој е втора по големина во Европа.

Оливер Бранковиќ