Македонија

Доделени сертификати за заповедници на брод и морнари

02.04.2026 18:37

По 21 година се одржа полагање за добивање на звања заповедници на брод, морнари и водич на палуба. Сертификатите ги додели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при што рече дека на тој начин ќе се зголеми безбедноста на пловидбата.

По дведецениска пауза годинава во Охрид се одржаа полагања за управување со бродови, што беше олеснителна околност за членовите на бродските посади кои беа изложени на големи трошоци, бидејќи во изминатите години мораа да полагаат во странство. На овој начин ќе се зголеми безбедноста во пловидбата на бродовите, но од Охридската капетанија упатија апел до сопствениците на помали пловни објекти да ги набават потребните документи, затоа што во иднина контролите ќе бидат чести, а казните ригорозни.

Сертификатите на заповедниците на бродови, морнарите и еден водич на палуба им ги врачи министерот за транспорт Александар Николоски, при што најави инвестиција за уредување на градскиот кеј и двете пристаништа во Охрид.

Со проектот се предвидува изградба на уште еден крак на големото пристаниште со што ќе се отвори простор за усидрување на сите бродови.

Сашо Нелоски