Скијачки скокови, Енгелберг

Сензација на Зиобро

21.12.2013 18:10

Полјакот Јан Зјобро е изненадувачки победник на првиот викенд-натпревар во скијачки скокови во швајцарски Енгелберг. 22-годишниот Зиобро, чијшто најдобар резултат досега беше деветтото место на отворањето на сезонава во Клингентал, денеска ја шокираше елитата со најголеми должини во двете серии од 134 и од 141 метар.

За нив тој собра 7 поени повеќе од неговиот многу попознат сонародник Камил Штох, кој имаше скокови од 129 и од 137,5 метри, додека трет заврши Норвежанецот Андерс Бардал со далечини од 131 и од 140 метри.

Пред утрешниот последен натпревар пред Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, водството во генералниот пласман за Светскиот Куп го презеде Штох со 310 бода. Досегашниот лидер, Австриецот Грегор Шлиренцауер денеска потфрли и беше само 28-ми, по што заостанува 9 бода зад Штох.