Медитеранското првенство, нова успешна страница за македонското карате
По петте освоени медали од Медитеранското првенство во Бар, македонската делегација се врати во земјава. Во конкуренција на 182 каратисти од 12 земји, Македонија освои 3 сребрени и два бронзени медали, што во силна конкуренција е секако успех, иако потенцијалот и квалитетот на нашите каратисти е поголем од оствареното. Во борби Иво Цветковски во категорија – 75 килограми оствари 2 победи и пораз во финалето, идентично како и Берат Јакупи во категорија – 84 кг. Третото сребро го освои женскиот ката тим, каде што настапија Пулексенија Јованоска и сестрите Маријана и Мишела Димоски.

По петте освоени медали од Медитеранското првенство во Бар, македонската делегација се врати во земјава. Во конкуренција на 182 каратисти од 12 земји, Македонија освои 3 сребрени и два бронзени медали, што во силна конкуренција е секако успех, иако потенцијалот и квалитетот на нашите каратисти е поголем од оствареното. Во борби Иво Цветковски во категорија – 75 килограми оствари 2 победи и пораз во финалето, идентично како и Берат Јакупи во категорија – 84 кг. Третото сребро го освои женскиот ката тим, каде што настапија Пулексенија Јованоска и сестрите Маријана и Мишела Димоски. Бронзените одличја ги остварија нашите натпреварувачки во борби, Наташа Стефановска во категорија – 61 кг, и нејзината помлада сестра Моника која настапи до – 68 кг. И двете натпреварувачки забележаа по две победи и пораз.
Најуспешна нација на Медитеранското првенство е Египет со 22 трофеи од кои по 7 златни и сребрени и 8 бронзи. Турција е втора со 9, симетрично распоредени по 3 злата, сребра и бронзи, а трета е Франција со 5, од кои по 2 златни и бронзени и едно сребро. Ова беше еден од позначајните тест настапи за нашите каратисти во процесот на подготовки за С П во Бремен, и секако за Балканското првенство кое ќе се одржи во Охрид од 17 – 19 октомври, на кое домаќин е Карате федерацијата на Македонија.
