Одбрана

Првата пешадиска бригада го обележа денот на формирањето

02.04.2026 16:52

Најголемата единица во армијата, Првата пешадиска бригада го обележа денот на формирањето на 2 април со трансформација на поранешните прва и втора бригада во една бригада.

Најголемата единица во армијата, Првата пешадиска бригада е ударната сила на армијата формирана во 2012 со трансформација од тогашните прва и втора пешадиска бригада прерасна во единица по сите НАТО стандарди. 

Како чувар на безбедноста на државата, помош при катастрофи, но и активен учесник во операции на НАТО.

Припадниците на Првата пешадиска бригада се најдобрите амбасадори на Македонија, оцени министерот за одбрана. Вети дека и натаму ќе се вложува во модернизацијата на единицата.

На денот на единицата доделени признанија на припадници за исклучителна работа.

Ирина Гелевска