Вештачката интелигенција ја менува работата, но човекот останува во фокусот
Вештачката интелигенција носи длабоки промени во пазарот на труд и јавните политики, но клучната улога и натаму ја има човекот. Од форумот „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“ порачаа дека образованието, вештините и доживотното учење се пресудни, додека човечките квалитети како етиката, креативноста и емпатијата стануваат уште поважни во новата дигитална ера.

Вештачката интелигенција сè повеќе го обликува нашето секојдневие, но и иднината, и носи значителни трансформации во сите општествени сектори. Ова е пораката од форумот „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“, со цел отворање стручна јавна дискусија за нејзините ефекти врз пазарот на труд, работната сила, јавните политики.
Ресорниот министер Стефан Андоновски со став, оваа тема требаше да се актуализира уште пред 20-тина години.
Наспроти влијанието на вештачката интелигенција, клучна фигура сепак останува човекот, а образованието, вештините и доживотното учење се од суштинско значење, велат од академската заедница.
Во ерата на вештачката интелигенција, сепак, уште позначајни стануваат оние човечки квалитети кои не можат да се заменат, како носењето одлуки, етиката, процената, креативноста, комуникацијата и емпатијата, констатираа учесниците на форумот.
Марија Котовска
