Јагнешкото до 1.000 денари за килограм, сточарите предупредуваат на високи трошоци
Во пресрет на празниците, цената на јагнешкото месо достигнува и до 1.000 денари за килограм, додека сточарите велат дека без субвенции би работеле со загуба. И покрај ниската откупна цена, поскапувањата на трошоците и недостигот од работна сила најавуваат дека празничната трпеза и годинава ќе биде поскапа. Голем дел од производството завршува на европските пазари.

Од над 800 до 1.000 денари по килограм, толку во моментов се продава јагнешкото месо во месарниците во пресрет на празниците. Наспроти крајната цена, одгледувачите на јагниња велат дека ако не се државните субвенции, ќе останат во загуба, зашто и онака нема кадар.
„Годинава беше тешка за нас, но за разлика од ланската, каде килограм јагнешко се продавало за 220 денари, сега е малку подобро. Но, сепак, сè е поскапено, од ѓубриво, до производ“ – вели сточар од скопско.
Ниската откупна цена на јагнето, според нив, нема да ја намали цената на јагнешкото. Празничната трпеза веројатно и годинава ќе биде поскапа.
Само лани, според АХВ, на европскиот пазар биле извезени речиси 100.000 јагниња. Најмногу во Хрватска, 44.000, потоа во Бугарија 25.000, а над 8.400 грла завршиле на грчкиот пазар.
Борис Грујоски
