Иран

САД го уништија најголемиот мост во Иран

03.04.2026 09:30

Најголемиот мост во иранскиот град Караџ близу Техеран е уништен во американски воздушен напад. Има жртви и десетици повредени...

Најголемиот мост во иранскиот град Караџ близу Техеран е уништен во американски воздушен напад. Има жртви и десетици повредени. Трамп се закани-ова е само почеток, мора да се постигне договор пред да биде предоцна.

„Нашата војска, најголемата и најмоќната, дури и не почнала да го уништува она што останало во Иран. Следно мостови, па електрични централи! Новото раководство на режимот знае што треба да се направи, и мора да се направи, БРЗО!“-објава на Доналд Трамп – претседател на САД.

Израел ги продолжува нападите врз Либан и Иран, при што е убиен уште еден ирански генерал, додека Техеран возвраќа во регионот. Во ек на ескалација и стравувања за снабдувањето со нафта, Советот за безбедност на ОН гласа за заштита на Ормускиот теснец, додека над 40 држави на покана на Британија веќе разговараа за негово отворање.

„На работ сме на поширока војна. Конфликтот веќе се чувствува насекаде. Во тек се дипломатски напори кои заслужуваат поддршка. Цивилите и цивилната инфраструктура, вклучително и нуклеарните инсталации, мора да бидат почитувани и заштитени, а слободата на навигација мора да се почитува. Крајно време е да се запре војната“, изјави Антонио Гутереш – генерален секретар на ОН.

Русија тврди дека преминот е отворен за нивните бродови, додека Филипините дипломатски обезбедија безбеден премин за своите морнари. Мировните напори со посредство на Пакистан продолжуваат.