Украина
Зеленски нуди експертиза за Ормускиот теснец
03.04.2026 09:58
Додека војната беснее во Украина, а мировните преговори се ставени на пауза, Зеленски нуди експертиза...

Додека војната беснее во Украина, а мировните преговори се ставени на пауза, Зеленски нуди експертиза за обезбедување слобода на пловидба во Ормускиот теснец, повикувајќи се на искуството од Црно Море.
„Украина поседува релевантна експертиза во врска со поморските патишта, заштитата и обновувањето на сообраќајот; ако партнерите се подготвени да дејствуваат, ќе разгледаме како можеме да ги зајакнеме и да придонесеме со нашата експертиза, знаење и технолошки способности“, изјави Володимир Зеленски – претседател на Украина.
