Русија подготвува втор танкер со нафта за Куба
Островот добива нафта првпат за три месеци, откако првата руска пратка со 730.000 барели пристигна во момент на сериозна енергетска криза...

Русија подготвува втор танкер со нафта за Куба, откако Трамп рече дека не му пречи испораката, и покрај тековната американска блокада.
Островот добива нафта првпат за три месеци, откако првата руска пратка со 730.000 барели пристигна во момент на сериозна енергетска криза и повеќекратни прекини во снабдувањето и недостиг на електрична енергија.
„Куба е во целосна блокада, отсечена е. Руски брод ја проби блокадата. Втор брод се товари во моментов, нема да ги оставиме Кубанците сами во неволја. Ќе продолжиме да развиваме енергетски договори и врз основа на нашите принципи на енергетска правда и технолошки суверенитет, ќе ги склучиме со сите земји“, изјави Сергеј Цивилјов – министер за енергетика на Русија.
