Вујо се сели во Загреб
Веселин Вујовиќ е се поблиску до тренерската клупа на хрватскиот ракометен шампион Прво плинарско друштво Загреб. По поразот од Татран во Сеха лигата, сериозно е разнишана позицијата на предводникот Борис Дворшек.
Екс кормиларот на Вардар преговара со раководството на загрепчани и големи се шансите да стане првиот црногорски стратег во најтрофејниот хрватски тим.

Вујовиќ со Вардар на патот до првата титула во премиерното издание на Сеха лигата го совлада во полуфиналето токму Загреб со Ивица Ибрван и тоа на нивни терен, но и го загуби следното финале во Скопје од нив. Црногорецот со црвено-црните ја прекина доминацијата на Металург во домашното првенство и беше омилен кај навивачите на најтрофејниот.
По заминувањето од Вардар, Вујовиќ не го реализираше трансферот во Катар, па во комбинација влегоа опции поврзани со Европа и со Балканот. Тој е еден од најсериозните кандидати за нов селектор на Србија која сега го има за в.д. Дејан Периќ.
Овој викенд Загреб во Сеха лигата треба да гостува кај Мешков Брест, екипа со која ќе се соочат и во тешката група од Лигата на шампионите заедно со Кил, ПСЖ, Металург и Натурхаус.