Стопанска комора

Стопанската комора домаќин на дебата за модернизација на земјоделството

03.04.2026 09:10

Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации...

Настан „Зголемување на обемот на консолидација на земјиштето преку партнерства со приватниот сектор“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), ќе се одржи денеска со почеток во 10:30 часот во Стопанската комора.

Како што соопштуваат од Стопанската комора, на настанот ќе се разговара за значењето на консолидацијата на земјиштето како клучна земјишна реформа за модернизација на земјоделството, зголемување на продуктивноста и поттикнување инвестиции во агробизнисот.

Официјални обраќања ќе имаат министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, Мортен Хартвигсен од ФАО (видео-обраќање) и Кристина Митиќ Арсова од ФАО.