мвр
Лишена од слобода жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
03.04.2026 15:31
Таа е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната...

На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с. Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик.
Таа е спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната, информира МВР.
