ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Пролетниот мраз-закана за овошките

03.04.2026 13:45

Ниските температури и доцниот пролетен мраз – закана за овошките. На пазарите се намалува квалитетниот домашен род. Надлежните со совети за земјоделците да преземат мерки за заштита...

Овошките на удар на климатските промени и годинава поради променливите температури. Засега нема штети, но неизвесноста е тука и не се знае дали мразот ќе ги поштеди или ќе ги изеде. Најчувствителни кајсијата, праските и бадемите, малку поотпорни се црешите. Иако нема најави за екстремни и долготрајни бранови, сепак ноќните заладувања носат ризикот од измрзнување-вели директорот на државниот инспекторат за земјоделство и препорачува да се преземат сет агротехнички мерки за заштита.

Најзасегнати се овоштарите од Тиквешкиот, Пелагонискиот и Полошкиот регион каде се создава температурна инверзија. Некои од нив веќе обезбедиле машини за затоплување во обид да го спасат овошјето.

Државата покрива дел од штетите со формирање на комисии за проценка на штети.

Борбата на овоштарите со климатските промени трае подолго и од година во година е сè поизразена. Познавачите препорачуваат преориентирање на поотпорни сорти.

 

Александра Велинова