Солунскиот универзитет Шефилд обезбеди 20 стипендии за македонските студенти
Вложувањето во образованието и науката, и во младите луѓе, ја гарантира економската иднина на секоја држава. Солунскиот универзитет Шефилд обезбеди нови 20 стипендии за македонските студенти.
Протокол за соработка денеска го потпишаа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванoв, заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски и Јоанис Верверидис директор на „Сити колеџ“,во Солун.
Годинава стипендиите ќе бидат за студии од втор циклус на Извршната програма за бизнис и администрација.

„Знаењето и образованието не познаваат граници, тие се дел од отворениот простор кој создава луѓе со отворен ум, луѓе кои во предизвиците гледаат можност, а во соседот пријател. Особено сум горд што овие стипендии го носат името на покојниот претседател Борис Трајковски кој на регионот му понуди светоглед на дијалог како предуслов за градење доверба и заедништво помеѓу луѓето, државите и народите“, истакна претседателот Ѓорге Иванoв.
Стипендиите ќе бидат наменети за македонски државјани, на возраст над 24 години и со најмалку 3 години работно искуство, коишто се зантересирани за студирање маркетинг, општ менаџмент, финансии, логистичка поддршка или менаџмент во здравството.
Од денеска е отворен конкурсот, крајниот рок е 15 октомври.