Временска прогноза
УХМР: Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
03.04.2026 15:50
Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност...

В сабота претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информираат од УХМР.
Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.
