Повеќе прекршоци, помалку приговори за „Безбеден град“
Повеќе прекршоци, помалку приговори до Кривичниот суд. Ова го покажуваат податоците за март за функционирањето на „Безбеден град“. За разлика од февруари, бројот на прекршоци е повисок за цели 37 проценти. Граѓаните оценуваат – системот дава резултат, но потребно е да се работи на подигнување на сообраќајната култура...

Внимавајте, се снима. Камерите во март регистрирале над 7 илјади прекршоци повеќе од февруари. Во исто време, поднесените приговори до судот бележат намалување, особено кај правниците лица, кои во почетокот од функционирањето на системот имаа проблем со возилата на лизинг и возилата што не се одјавени во МВР. Граѓаните велат, подобрување има, но сообраќајната култура сè уште не е на потребното ниво.
Експертите оценуваат дека безбеден град дава резултати, но советуваат дека е потребно вистински да профункционира јавниот превоз и повеќе да се користат велосипеди.
Најголем дел од прекршоците се однесуваат на брзо возење.
Системот безбеден град почна да функционира на 1 февруари во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10, со тоа официјално почна и санкционирањето на граѓаните коишто направиле прекршок детектиран од камерите на „Безбеден град“.
Ана Јосифоска
