Неопходност од консолидација на земјоделското земјиште
Инфлацијата притиска кај основните прехранбени производи. Македонија мора да го зголеми производството. Чекор кон исполнување на таа цел е консолидацијата на земјиштето...

Цените на храната растат, неопходно е консолидација на земјоделското земјиште за поголемо домашно производство. Кризата на Блискиот Исток ги поскапе енергенсите и го проблематизираше снабдувањето со ѓубрива, Македонија треба да се сврти кон поголемо искористување на сопствените ресурси.
Консолидацијата не е само административна постапка, туку инструмент кој суштински го менува начинот на производство и отвора можности за развој на земјоделството, велат од Владата.
Стопанството предупредува дека земјите мора да се подготват за евентуална криза што ќе ги зголеми цените, ќе ја погоди индустријата, но и ќе ја поскапи храната.
Ако конфликтот продолжи, а трошоците за земјоделските материјали останат високи, производителите може да се принудени да користат помалку ѓубрива одреден период.
Борис Грујоски
