Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
Вложувањата во образованието се најсилната инвестиција во иднината на државата. Во Владата потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво со државните универзитети. Соработката треба да резултира со подобри резултати и вложувања во науката.

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.
Соработката помеѓу Агенцијата за иновации и државните универзитети е клучна за развојот на науката и економијата, смета премиерот Мицкоски. Убеден оти во време на технолошки напредок повеќе од кога било е потребна зајакната соработка меѓу образованието, иновациите и бизнис секторот. Академската заедница согласна оти ова ќе биде од голема поддршка и поттик за младите истражувачи.
Ректорите на сите државни универзитети се обврзаа, преку оваа иницијатива да ги мотивираат младите истражувачи своите идеи да ги претворат во реалност.
Викторија Милевска
