Депониите во градовите се палат, сторителите тешко се наоѓаат
Депониите во градовите се палат, тешко или речиси не се наоѓаат сторителите. Според Министерството за животна средина овој период е клучна соработката на општините со институциите, а годинава е пресудна пак за регионалните центри за депонирањето на отпадот. За брзо се очекува јавен повик и избор на економски оператор кој ќе гради регионални депонии во југозападниот и источниот регион во државава …

Обезбедувањето на депониите е во надлежност на општините кои треба да соработуваат со институциите за да се одржат. Сето ќе трае до изградбата на регионалните депонии, за југозападниот дел во Новаци, за источниот во Русино, вели министерот за животна средина Хоџа. Депониите сè почесто се палат и тешко се контролираат. Така беше неодамна со прилепската, а и со депонијата во Долнени.
Оваа е клучна година за изградбата на регионалните центри за депонирање на отпадот. Прикрај е документацијата, ќе се објави јавниот повик за избор на економски оператор кој ќе гради регионален центар.
Инаку, општина Долнени доби средства од унгарскиот кредит за водоснабдителна и комунална инфраструктура, а преку Министерството за транспорт и врски за патна инфраструктура.
Елизабета Митреска
