Украина и ЕУ склучија договор за асоцијација

16.09.2014 16:04

Европскиот парламент и украинската Рада симултано го изгласа договорот за асоцијација меѓу ЕУ и Украина, симбилично гласање бидејќи економскиот дел влегува на сила дури во 2016 година...

За склучувањето на договорот за асоцијација 535 европратеници гласаа ЗА, 127 беа против и 35 воздржани. Веднаш по гласањето украинскиот претседател Пиотр Порошенко го потпиша Договорот, исто како и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц. Пред гласањето Мартин Шулц нагласи дека никогаш немало симултано гласање во два парламенти  „за што можеме да бидеме горди“ – рече тој.  

„Станува збор за историски момент бидејќи два парламенти истовремено ќе гласаат ист договор, тоа е израз на слободна демократија, спротивна на диригираната демократија“, рече Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент,  пропратен со долг аплауз, нагласувајќи притоа дека ЕП одсекогаш го бранел територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Европскиот парламент притоа се запраша „кој можеше да предвиди дека ќе се менуваат границите со сила, дека ќе се нарушува европската архитектура на безбедност“ – притоа тој додаде дека „ЕП одсекогаш ја бранеше територијалниот интегритет на Украина и дека секогаш делува во таа насока“,  зацртувајќи ги притоа контурите каква Украина посакува Европскиот парламент и ЕУ

Украинскиот претседател Пиотр Порошенко од Киев се заблагодари за поддршката што и беше пружена на Украина. Споредувајќи го денешниот амбиент со тој од 1991 година кога Украина стана независна.

„Кој е подготвен да умре за Европа – тоа е прашањето кое се поставува денес, бидејќи можеби нормално е да се умира за својата држава, но не и за  Европа. Првите стотина украинци (по настаните на Мајдан) не беа мртви само за нивната земја туку и за нивното место во Европа“ нагласи украинскиот претседател Пјорт Порошенко.

Притоа тој нагласи дека ниту една  нација не ја плати таа цена за да биде европска држава, затоа то не гледа кој ќе и се спротистави на Украина за  нејзиниото место во Европа зачленување во ЕУ.

Влегувањето на сила на политичкиот дел од договорот како што најави порошенко е веднаш, но затоа пак економскиот дел поради отстапките кон Русија ќе стапи на сила во 2016 година.

Затоа, денешното усвојување од ЕП и од украинскаа Рада е симболичен гест.

Тони Гламчевски