Пакети со храна за семејствата во социјален ризик
Фондација „Елеуса“ од Струмица периодов организираше кампања во која се собрани голем број прехранбени продукти. Од оваа храна ќе бидат направени околу 220 пакети кои во пресрет на Велигден ќе бидат дистрибуирани до семејства од социјален ризик...

„Сподели дел од својата трпеза“. Под оваа мото Фондацијата „Елеуса“ од Струмица ја реализира кампањата за собирање, подготовка и дистрибуција на прехранбени пакети за Велигден до социјално загрозени семејства во Југоистокот. Се планира да бидат доделени 220 пакети иако како што велат од Фондацијата сè поголема е бројката кој тешко врзува крај со крај
Речиси цел месец трае кампањата на Фондацијата на која најмногу се одзваа младите и учениците. Организирано собираат конзервирана храна и ја донираа во Фондацијата
Фондацијата „Елеуса“ паралелно секојдневно дели и топол оброк на лица кои се од ранливите категории.
Ване Трајков
