Пет народни традиции на листата на УНЕСКО
Неколку потенцијални културни добра се предмет на анализа за аплицирање за престижната листа на УНЕСКО. Присуството е признание, но и обврска...

Нематеријалното културно наследство е значаен дел од македонската традиција. Прва препознаена како жива и уникатна традиција од страна на УНЕСКО се ритуалите на штипскиот Исар и обичајот „Четрсе“ во 2013 година, а веднаш потоа орото „Копачка“ од село Драмче, Пијанец како оригинален фолклорен производ
На листата на УНЕСКО е и двогласното машко пеење „Гласоечко“ од Долни Подлог и две мултинационални добра за мартинките и за пролетните веселби „Едерлези“. Последно впишано богатство е традиционалното свирење гајда во Македонија и Турција. Во моментот неколку потенцијални културни добра се предмет на анализа за аплицирање за престижната листа на УНЕСКО
Присуството на листата на светски културни богатства е признание, но и обврска, вели Топузовска. Тоа е доказ дека вистинското богатство на една земја се нејзините луѓе и нивните приказни.
Славица Величковска
