Родено првото бебе од смрзната јајце клетка во Македонија

16.09.2014 16:05

Според лекарите, со зголемувањето на возраста кај жената се намалува квалитетот и квантитетот на јајце клетките...

Женско бебе е првото новороденче од смрзната јајце клетка, роденово една од приватните болници во земјава. Јајце клетката била чувана една година по што била направена ин витро фертилизација.

„Со оваа пациентите имаат можност да ги чуваат своите јајце клетки онаму каде што постојат медицински индикации.А со измените на законот за биомедицински потпомогнато оплодување  тие понатаму ќе бидат употребени и за донација“, изјави проф. д-р Глигор Димитров, гинеколог.

Според лекарите, со зголемувањето на возраста кај жената се намалува квалитетот и квантитетот на јајце клетките.

„Ова им го предлагаме на оние жени што не се мажени, немаат партер, како и кај оние пацинетки кај кои е детектирано некое малигно заболување, а немаат потомство. Јајце клетките да ги зачуваат пред да одат на зрачна терапија“, вели Валентина Сотироска, шеф на лабораторија.

Ќе се разговара со Фондот на негова сметка да се чуваат јајце клетките на пацинтките со карцином. Јајце клетките може да се чуваат најмногу 5 години.

 

Наташа Јанчиќ