Нови напади со беспилотни летала во регионот
Продолжуваат нападите на Блискиот Исток. Израел, Иран, Јемен, Катар и Кувајт пресретнаа дронови. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати пријавија ракети и беспилотни летала насочени кон нивниот воздушен простор. Во американски напад беше урнат најголемиот новоизграден ирански мост кој ги поврзува Техеран со градот Карај.

Нови напади на Блискиот Исток. Израел, Иран, Јемен, Катар и Кувајт пресретнаа дронови. Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати пријавија ракети и беспилотни летала насочени кон нивниот воздушен простор. Во американски напад беше урнат најголемиот новоизграден ирански мост кој ги поврзува Техеран со градот Карај.
„За овој мост, целиот негов дизајн, инженерство и изградба беа направени или се изведуваат од нула од ирански инженери. Тоа е проект што ќе игра многу важна улога во транспортот на нашата земја. За жал, тој стана и една од целите. Не знам зошто беше оштетен и нападнат, но како што можете да видите, овој мост сега се соочува со сериозни проблеми“, вели одговорен од градежна компанија.
САД преместуваат се повеќе воени сили во регионот на Блискиот Исток. Трамп се закани дека ќе изврши силни напади врз Иран во следните две до три недели, додека министерот за одбрана Хегсет изјави дека не се исклучува можноста за копнена операција. Американскиот претседател во Велигденската порака рече дека злото нема да победи.
„Овој Велигден, милиони христијани низ целиот свет ќе бидат потсетени дека поради она што го направи Исус на крстот, сите ние можеме да живееме секој ден со надеж во Божјото ветување, знаејќи дека на крајот, злото и нечестието нема да надвладеат. Религијата повторно расте во нашата земја за прв пат по децении. Среќен Велигден на сите. Нашата земја се справува толку добро како никогаш досега“, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп.
Еден член на екипажот спасен, откако американски авион беше соборен во близина на Ормускиот теснец за првпат во петнеделната војна. Иранските државни медиуми објавија награда од 60.000 долари за пронаоѓање и предавање на исчезнатиот американски член на екипажот.
„По лажните тврдења на американскиот претседател за целосно уништување на иранскиот систем за воздушна одбрана, американски непријателски борбен авион беше соборен во централниот ирански воздушен простор од страна на новоразвиен напреден систем за воздушна одбрана“, изјави потполковник Ебрахим Золфагари, портпарол на војската на Иран.
Според ирански и американски медиуми, Техеран го отфрли американскиот предлог за 48-часовен прекин на огнот. Очекуваните преговорите меѓу двете страни неизвесни. Имено, Иран поставува пет услови за завршување на војната, признавање на правото на цивилна употреба на нуклеарна енергија, траен мир, а не само примирје, укинување на санкциите, репарации и осуда за агресорот.
Маријана Димовска
