Ден на тутунските работници
Се подготвува расадот за тутун за новата реколта. Цените се зголемени. Склучувањето на договорите е пролонгирано. Ден на тутунските работници.

И по 153 години од отворањето на првиот магацин за откуп на тутун во Прилеп, тутунопроизводството останува значајна земјоделско-стопанска гранка, посебно во Прилепско-Пелагонискиот регион. На државата и носи околу 100 милиони евра годишен девизен прилив, а за над 20.000 семејства-егзистенција. Исплатливоста ќе се одржува преку цената.
Почна новата производствена година, во тек е расадопроизводството. Се најавува за 10 проценти зголемен интерес од лани кога се откупија околу 26.000 тони. Цените се минимално зголемени. Прашање е на време кога ќе стигне исплатата на субвенциите по контролите од платежната агенција.
Нема проблеми ниту со субвенциите за нафта за тутунарите.
Склучувањето договори за новата реколта тутун е пролонгирано до 9-ти април.
Елизабета Митреска
