Македонија

Утре владина седница за цените на горивата

04.04.2026 14:58

Примерот Мицкоски најави дека биле исполнети условите за намалување на акцизите. Утре на владина седница, цената на горивата. Премиерот вели дека буџетот е во добра кондиција. Во јуни најави ребаланс. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше владата и премиерот Мицкоски за бавната имплементација на економските мерки кои би ја олесниле финансиската состојба на граѓаните.

Примерот Мицкоски најави дека биле исполнети условите за намалување на акцизите – за дизелот за 4 денари, а на бензините за 2 два денара по литар. За утре е закажана седница на владата на која ќе се донесат овие мерки кои ќе треба да придонесат да се намали притисокот врз стандардот и да се заузди инфлацијата. Мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти ќе продолжи уште две недели, а за понатаму ќе се одлучува дополнително.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ја критикуваше владата и премиерот Мицкоски за бавната имплементација на економските мерки кои би ја олесниле финансиската состојба на граѓаните. Филипче истакна дека од 27 февруари цените на нафтата на берзите се зголемиле за 63,67%, додека дизелот во земјата поскапел за 34,5 проценти, од 71 на 95,5 денари. Тој предупреди на драстичен пораст на цените на храната.

Премиерот Мицкоски очекува инфлацијата во март да биде помеѓу 4 и 5 проценти.

„Министерството за финансии анализира за сите основни прехранбени производи кои се со 5 проценти ДДВ да се намали на 0 проценти, но тоа е премалку во споредба со овие поголеми мерки кои ги преземаме“, рече Мицкоски.

Од друга страна лидерот на СДСМ, Филипче, оцени дека минималното зголемување на платата од 1.667 денари не е доволно за да го ублажи ударот врз потрошувачката кошничка, која изнесува околу 68.000 денари. Предупреди дека кризата ќе продолжи, со раст на цените на храната и можен недостаток на горива.

Игор Панов