Локалните тендери за јавни набавки со низа пропусти
Локалните тендери за јавни набавки имаат пропусти, пред сè во транспарентноста – истражување на Институтот за економски истражувања и политики – Finance Think. Фирмите, или не се пријавуваат или ако некоја конкурира, најчесто е универзална за повеќе дејности. Освен тоа, локалните претпријатија се големи должници и не плаќаат...

Или се јавуваат една до две компании, или тендерите пропаѓаат со два три обиди. Неретко – се одолговлекува процесот. Ама најсимптоматично е кога на локален тендер се јавува една компанија за набавки од неспојливи дејности – од видеонадзор, до хигиенски набавки. Ова се едни од клучните наоди на Институтот за економски истражувања и политики – Finance Think. Во Крушево дури 60 проценти од јавните набавки во изминатата година се доделени само на една фирма, а додека во Прилеп, тој удел е околу 30 проценти.
Стопанствениците велат, фирмите не се пријавуваат зашто локалните јавни претпријатија се големи должници и не плаќаат. Треба да подлежат на Законот за финансиска дисциплина и за нив да важи дека во рок од 60 дена ќе ги платат услугите. Помага и јавното приватно партнерство.
Локалните тендери треба да добијат транспарентност и конкурентност.
Елизабета Митреска
