Временска прогноза

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

05.04.2026 09:51

Утринската температура се движи во интервал од минус еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 22 степени...

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи во интервал од минус еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 16 до 22 степени.

Во Скопје, според синоптичарите, денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.