Зленски загрижен дека продолжената војна против Иран ќе ја наруши поддршката на САД за Украина
Украинскиот претседател Зеленски изрази загриженост дека продолжената американско-израелска војна против Иран би можела дополнително да ја наруши поддршката на Америка за Украина, бидејќи глобалните приоритети на Вашингтон се менуваат.

Киев стравува дека ќе се намалат испораките на потребните ракети за воздушна одбрана „патриот“.
Зеленски ја обвини Русија дека „се обидува да ги одолговлекува преговорите“ додека продолжува со својата инвазија. Во интервју за „Асошиетет прес“, украинскиот претседател рече дека Русија црпи економски придобивки од војната на Блискиот Исток, наведувајќи го ограниченото олеснување на американските санкции врз руската нафта.