Србија

Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на гасоводот што ги поврзува Србија и Унгарија

05.04.2026 17:43

Експлозив со разорна моќ е пронајден во близина на гасоводот „Турски тек“ во Србија, преку кој се транспортира руски природен гас до Унгарија и други европски земји, објави српскиот претседател Вучиќ.

Експлозив со разорна моќ е пронајден во близина на гасоводот „Турски тек“ во Србија, преку кој се транспортира руски природен гас до Унгарија и други европски земји, објави српскиот претседател Вучиќ. Истакна дека српските единици откако ја откриле опасната направа, веднаш го известил унгарскиот премиер. Истрагата е во тек.

По добиените информации од Србија, Орбан свика итен состанок на Советот за одбрана.

Овој инцидент се случува во исклучително чувствителен период за Унгарија, на само една недела пред парламентарните избори закажани за 12-ти април.