Папата Лав 14 повика на дијалог за мир во светот
Поглаварот на Католичката црква ги повика светските лидери да ги запрат конфликтите и да се откажат од какви било планови за моќ, освојување или доминација...

Папата Лав 14 на првата велигденска миса како понтиф повика да се положи оружјето и да се бара мир во глобалните конфликти преку дијалог.
Поглаварот на Католичката црква ги повика светските лидери да ги запрат конфликтите и да се откажат од какви било планови за моќ, освојување или доминација. Папата не ги именуваше конфликтите во светот, но претходно отворено ја критикуваше војната во Иран.
Во посебна порака до илјадниците верници собрани на плоштадот „Свети Петар“, во традиционалната порака „урби ет орби“ изрази жалење што луѓето се навикнуваат на насилство, се помируваат со него и стануваат рамнодушни.
