Временска прогноза
Сончево и топло со температура до 25 степени
06.04.2026 08:07
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 25 степени, информираат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
