Судница „Идризово“

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

06.04.2026 08:01

Во судницата во „Идризово“, продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200-те беа повредени. На претходните рочишта сведоците на Обвинителството посочија на сериозни пропусти, недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант и заклучена помошна врата, но и дека општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување.

На саботниот Марш за ангелите, родителите побараа да им бидат доставени токсиколошките анализи од обдукцијата. Во спротивно, најавија протест пред Институтот за судска медицина. Судењето против 13 полициски службеници, обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагичниот пожар во кочанската дискотека минатата среда, беше одложено. Главната расправа ќе продолжи на 20-ти април.